Славјанка Влахчева е првата современа медицинска сестра која го основала на првото медицинско училиште во Македонија . Родена е на 18 декември 1900 година во Штип . Во родниот град завршила шест класа гимназија и своето образование го продолжила во Белград во училиштето за сестри нудилки основано од Црвениот Крст , тогашното Министерство за здравство и Фондацијата на Рокфелер . По завршувањето во првата генерација на сестри нудилки , Славјанка станала првата македонка , медицинска сестра . Во 1924 г се вратила во својот роден град Штип за да работи во тукушто отворената маларична станица . Во 1930 год. доаѓа во Скопје да работи во Антитуберкулозниот диспанзер преку зима , а во село Љубанци каде што помага во опоравувањето на болните од туберкулоза во летниот период .Таа има особенa заслуга за воведувањето на патронажната служба и спроведувањето на БСЖ вакцининацијата . Во периодот на Втората Светска војна иако не била партиски поврзана помагала во набавувањето на санитетски матерјал и лекови преку повредените партизани . Во борбата за ослободување на Скопје и се придружува на Четиринаесеттата Народно Ослободителна Ударна бригада `Димитар Влахов` каде што помагајќи им на ранетите и самата била ранета .
По ослободувањето од Министерството за народно здравје добива задача да отвори училиште за медицински сестри во Скопје . Славјанка Влахчева го отвара првото училиште за медицински сестри во 1945 г и е именувана за прв директор . На оваа функција останува до крајот на школувањето на првата повоена генерација на медицински сестри во Македонија .
Во 1947 г Министерството за народно здравје ја поставува за началник со задача да ја прошири мрежата на медицински училишта низ целата земја . Отворени се училишта за акушерки , забни техничари и помошници аптекари , нови лаборатории , а подоцна и училиште за санитарни техничари .
Од 1950 г како началник на одделението за борба против туберкулоза учествува во отварањето и работата на Клиниката за туберкулоза на коски во Охрид , Специјалната болница за туберкулоза во Битола и БСЖ службата за работа на терен .
На предлог на Црвениот Крст на Југославија Славјанка Влахчева , Иванка Караѓозова , Ружа Стојанова , Ленче Кепева и Цвета Хаџи Василева се петте македонки кои добија едно од најголемите признанија во светот за хуманост – медалот `Флоренс Нејтингел`.
На Основачкото собрание на Здружението на медицински сестри , техничари и акушерки на Македонија едногласно беше донесена одлука Здружението да го носи името на Славјанка Влахчева , првата медицинска сестра од Македонија.

Логирај се

Жиро сметка

Тутунска Банка Скопје

жиро сметка

210069202250197