Пациентите прво се сретнуваат со медицинските сестри кои треба да им направат проценка на психолошката и физичката состојба, како реагираат на одредена терапија и друго. Оваа проценка се прави за уште повеќе да се зголеми квалитетот на негата на нашите пациенти во Клиничката болница „„Аџибадем Систина“, изјави Ирена Нечовска, медицинска сестра одговорна за едукација во Клиничката болница „„Аџибадем Систина“ во Скопје на денешната  прес-конференција по повод Светскиот ден на сестрите - 12 мај.

Во оваа установа, каде се воведуваат ЈЦИ стандардите, ќе се воведе и сестринска дијагноза, која е кус запис кој ќе се однесува на реакциите на пациентот за текот на лекувањето и како некој здравствен проблем на него влијаел.

- Најдобар начин да им помогнеме на пациентите е да ги следиме професионалните стандарди, а да се биде медицинска сестра не е само професија, туку и начин на живот и делување - рече главната медицинска сестра на болницата, Биљана Дилевска. 

На прашањето колку им се смениле професионалните навики откако од јавното преминале да работат во приватното здравство, Дилевска со одговор:

- Многу ни се сменија професионалните навики, зашто условите за работа во „Аџибадем Систина“ се многу поразлични од оние во кои работевме. Тука имаме се што е неопходно и нема потреба од импровизации - вели Дилевска, која 23 години работела во јавното здравство.

Медицинските сестри вчера најавија дека ќе формираат здружение на сестри. лаборанти и техничари од приватните болници, во кое ќе може да членуваат и вработени во јавното здравство

 

Болница Плодност - Hospital Plodnost

May 14 ·

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛА НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ 5-12 МАЈ

По повод Меѓународниот ден на медицинските сестри, Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари „Славјанка Влахчева“ и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се приклучија кон одбележување на меѓународниот ден на медицинските сестри.

Болница Плодност - Hospital Plodnost на Неделата на сестри и акушерки беше претставена од сестрите  Мелинда Дарла и Сања Марковска.

 

Почнува неделата на медицинските сестри

Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари „Славјанка Влахчева“ и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ по повод Меѓународениот ден на медицинските сестри од денеска до 12 мај организираат повеќе едукативни работилници и предавања.

Едукативни работилници ќе се однесуваат на новитетите во концептот на работа како и идните планови за развој на оваа професија. Целта е да се подигне новото на стандардите за здравствена нега во сите сегменти.

Според агендата, предвидено е денеска со почеток во 13:30 часот да се одржат работилници на тема Улогата на акушерката и прием на трудница, во вторник во истиот термин еминентните доктори Emin Aksoy и Dilek Kitapciogly ќе го презентираат Универзитетот Acibadem, додека во среда ќе се презентира медицинската документација по JCI стандарди. Овие презентации ќе се одржат во Амфитеатарот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, додека на 8 Мај со почеток во 12 часот во конгресната сала во „Борис Трајковски“ ќе се одржи третата по ред работилница на тема „Репрограмирање на инструменти и ендоскопи, минимизирање на ризикот од инфекции“.

Учество во активностите можат да земат сите медицински сестри кои за време на настаните можат да се регистрираат и да станат членови на Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари „Славјанка Влахчева“.

Логирај се

Жиро сметка

Тутунска Банка Скопје

жиро сметка

210069202250197