МИСИЈА, ВИЗИЈА И ЦЕЛ
МИСИЈА
Медицинските сестри/ техничари и акушерки учествуваат во одлучувањето за квалитетот на здравствената заштита, но имаат и водечка улога во дефинирање на квалитетната сестринска нега. Низ процес на континуирана едукација и унапредување на постоечката пракса ги одредуваат потребите за ресурси, ја поттикнуваат научно истраѓувачката работа и одговорностите на медицинската сестра/техничар и акушерка. Со ваков пристап постигнуваме ефикасна и ефективна високоспецијализирана здравствена нега.
Со континуирано вложување во образование, едукација, развој и подобра соработка со пациентите, се залагаме за подобрување на нивното здравје и условите кои влијаат на здравјето.
ВИЗИЈА
Медицинските сестри/ техничари и акушерки, денес мора да бидат спремни да одговорат на сите предизвици во работата и опшествените промени, користејќи современи здравствени технологии, но да бидат и рационални, ефикасни и современи во пружањето на здравствена нега.
ЦЕЛ
Основни цели на нашево здружение се:промоција на здравјето, превенција на болестите, брза и квалитетна рехабилитација, континуитет во грижата за здравјето и нега на пациентите, соработка со семејството на пациентите и, активно учество во тимовите за здравствена заштита, но и развој на сестринската професија и унапредување на квалитетот на сестринската пракса.
За постигнување на овие цели неопходно е во сестинската професија да се служиме со знаење, хуманост, трпеливост, чесност и храброст.